Познати сите учесници во четвртфиналето од футсал Купот на Македонија

Синоќа во Крива Паланка се комплетираше осминафиналната фаза од футсал Купот на Македонија, а со тоа се познати сите учесници во четвртфиналето.

Бранителот на Куп титулата, екипата на Форца е во четвртфиналето, заедно со прволигашите Осогово, Јувентус Серава и Шкупи, а четвртфинале обезбедија и четири второлигаши, тоа се екипи на Балкан, Мал Ајакс, Партизан Југ од Брвеница и екипата на Кратово.

Тоа значи дека имаме четири второлигаши и четири второлигаши во четвртфиналето. Овие осум екипи ќе се борат за пласман во полуфиналето од футсал Купот на Македонија.

Дополнително ќе бидат утврдени четвртфиналните парови односно кој против кого во четвртфиналето.

Александар Ванев, М-Нет