
Вчера попладне во село Будинарци – беровско, настанал пожар во плевна, каде имало земјоделска механизација, сопственост на С.Ф.. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид се врши од увидна екипа од Полициската станица Берово.
Вчера во 10.00 часот Љ.Ј.(66) пријавил дека во с.Робово, пехчевско, при рушење на ѕид од плевна, веднаш до семејната куќа, пронашол рачна неексплодирана бомба, од непозната марка и потекло. Бомбата била безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување Берово за понатамошна постапка.