Повредите при спортување честа појава, првата помош во вистински момент најважна

Повредите при спортување се честа појава, а укажувањето прва помош од големо значење. Во склоп на одбележувањето на Денот на првата помош во Штип се одржа јавен настан на кој се демонстрираа вежби за давање прва помош на спортисти. Од Црвен крст Штип посочуваат дека на ваков начин се нуди обука на спортистите за да реагираат навремено и точно во слуачај на повреди при спортување.

„Секоја година 192 национални друштва организираат разни активности и настани се со цел подигнување на јавната свест за првата помош. Овогодинешното мото е „Прва помош, спортски активности, подготви се и укажи помош“. За таа цел сепоканија врвни спортистикои се дел од настанот“ – вели Димитровска.

Фудбал, карате, борење, секој спорт сам по себе има своја тежина, но ниту еден не е исклучен од можноста спортистите да сеповредат. Скршеници, истегнувања и слично се најчестите повреди со кои се соочуваат спортистите.

„Каратето е контактен спорт, но можам да кажам од останатите боречки спортови кај каратето во горниот дел се работи со целосна контрола, но се случуваат повреди.“ – вели Павлов.

Најважно според оние кои постојано спортуваат е соодветно загревањето пред почетокот на активностите, но и по завршување на истите. На тој начин се намалува можноста од повреди.

„Она што е најважно, не само во атлетиката, туку и во секој друг спорт е пред било каквафизичка активност да направиме загревање без разлика дали е со некои вежби, истегање, лабаво трчање. Истото тоа го правиме и на завршувањето на секоја активност.“ – вели Јованова.

Спортистите имаат основно познавање како да реагираат прио повреди додека тренираат и спортуваат, но како што велат ваквите настани и обуки се одбредојдени за да се научи нешто дополнително.

Лаура Стојанова М-Нет