Повредени двајца градежни работници во кочанско, еден со тешки телесни повреди

На 13.09.2020 во 12.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, од кочанската болница било пријавено дека околу 11.30 часот во с.Чифлик, при изведување на градежни работи со повреди се здобиле М.Е.(61) и Д.Г.(68), двајцата од Скопје. Притоа, М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, додека Д.Г. со телесна повреда, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.