Повеќе од половина од хоспитализираните паценти од Ковид во Истокот со потреба од кислородна поддршка

Десет слободни места во Клиничка болница Штип за ковид пациентите, од кои 6 се слободни во модуларната болница и 4 на одделот за Инфективно, каде нема можност од кислородна поддршка. Во последното деноноќие во Клиничка болница Штип хоспитализирани се 85 пациенти од кои 41 во модуларната и 44 на Инфективно, а половина се на кислородна поддршка, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Во изминатото деноноќие регистрирани се и двајца починати пациенти на возраст д 69 и 78 години. Во кочанската Општа болница со проширена дејност хоспитализирани се 29 ковид пациенти, модуларната ковид болница е полна, а слободни се 5 места на одделот за Физикална медицина и 9 кревети на Интезивна нега, во телефонски разговор истакна директорот на болницата Александар Серафимов. Повеќе од половината од пациентите се со потреба од кислородна поддршка. Во меѓувреме, тече процест на вакцинација во државата. Денеска во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се вакцинираа медиумските работници и новинарите, а на пунктовите во Здравствените домови во повеќе градови низ државата се вакцинира повозрасното населениЕ односно лица над 77 години. Препораките важат сеуште, да се носи заштитна маска, да се одржува дистанца и да се користи средство за дезинфекција, односно да внимаваме и да се грижиме за нашето и здравјето на сите.

Лаура Стојанова М-Нет