Победниците на фестивалот ,,Golden piano talents” утре со свечен концерт во Штип

Победниците на четвртото издание на фестивалот „Голден Пијано Талентс“ утре ќе одржат голем свечен концерт во УГ Бестиен во Штип. На овој грандиозен настан, кој ќе започне во 20 часот, ќе настапат најдобрите пијанисти од 11 држави од светот, кои покажаа исклучителен талент на оваа престижна музичка сцена.

Претходно, од 18 часот, на програмата е концертот на македонските наградени пијанисти, кои ќе ги презентираат своите изведби и ќе ја доловат музичката длабочина што ја донесе победата на оваа меѓународна платформа.

,,На четвртото издание на голден пијано талентс фестивал ќе настапат дури 50 пијанисти и тоа 20 од странство и 30 од нашата држава. Пијанистите од странство беа избрани претходно на конкурс на интернет ги отценуваше познато жири од познати светски пијанисти и педагози и најдобрите од сите категории ги имаме со нас утре ден сабота 13 сти септември и ќе ја имаме таа можност да ги слушнеме сите во живо. Ова претставува голем настан за Штип, бидејќу го пормовира градот, како може би единствено место во светот каде што се случуваат вакви настани од ваков тип. Утре на 13 септември ќе имаме ќе имаме концерт на македонските наградени пијанисти на овој натпревар, кој ќе настапат од 18 часот, а во 20 часот ќе започне големиот грандиозен концерт на победниците на кој што ќе настапат пијанисти од 11 држави.“ истакна Максимова

Покана до сите љубители на класичната музика, посебно упати уметничкот директор на фестивалот Марија Максимова. Како што рече посетителите ќе можат да уживаат во познати класични дела, кои будат емоции и секавања.

Инаку, фестивалот традиционално се одржува четврта година по ред и истиот има за цел да создаде пред се пријателства, дружења, а потоа уметност и култура за сите оние кои што учествуваат. Како што најавија организаторите, догодина фестивалот се очекува да биде поголем.

Иван Митев, М-Нет