
Дербито на Истокот во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Осогово заврши со 2:1 и голема победа за “рударите” во борбата за опстанок.
На полувреме Саса имаше водство од 1:0 со голот на капитенот Дарко Алексовски од слободен удар.
Во вториот дел Кристијан Таневски постигна гол за 2:0, а во финишот од слободен удар Филип Јованов ги постави конечните 2:1, меч кој можевте да го следите на М Нет.
На Градскиот стадион во Радовиш екипата на Детонит Плачковица беше запрена, Победа му откина два бода на радовишани откако финалниот резултат беше 1:1.
Во Радовиш падна првиот гостински гол, откако Победа прва победа со голот на Дебрешлиоски за 0:1, а радовишани преку капитенот Настевски израмнија на 1:1 на полувреме. Во вториот дел 1:1 стана конечен резултат во меч кој можевте да го следите на М Нет Спорт.
Дерби се одигра на “Железарница” во Автокоманда меѓу екс прволигашите Скопје и Пелистер каде битолчани победија со минимални 0:1 со голот на Талевски.
Во Неготино се соочија Вардар и лидерот Беса каде фаворитот победи со 0:1со голот на искусниот Изаир Емини.
Дерби за опстанок се играше и во Струга меѓу Караорман и Тетекс каде “штофарите” го декласираа домашниот тим со 1:4. Единствен стелец за домашниот тим беше искусниот Клечкароски во судиското надолнување, а за Тетекс, Станковски беше двоен стелец, а по еден гол постигнаа Цветаноски и Здравковски.
Новаци доживеа дебакл од Беласица откако загуби со 1:3. Капсаров, Коцев и Јовов беа стрелци за струмичани, а за домашниот тим погоди Ѓоргиевски.
Во Гевгелија се соочија Кожуф и Башкими каде домашниот тим со 2:0 стигна до прв пролетен триумф во вториот дел со головите на Кочев и Иљази.
Арсими на домашен терен против Охрид ремизираште без голови (0:0).
Александар Ванев, М-Нет