Плач, лелек и тага насекаде во Штип, граѓаните се збогуваат со починатите

Плач, лелек и тага по улиците во Штип. Со скршено срце и свеќа во рака од вчера и штипјани се збогуваат со починатите Филип Стевановски, Филип Ивановски,Александар Ефремов, Александар Коларов, Дамјан Тасески и . Плачеа и старите и младите и сите со неверување раскажуваа за настанот, кој Штип го зави во црно. Со солзи во очите, граѓаните се пргрнуваа еден со друг, споделувајки ја тежината на секој еден од нив. Пред камерите на М-Нет повозрасните велат дека Штип загуби, пред се млади, но и многу добри луѓе. Истакнуваат дека прерано ги оставија своите семесјтва, своите деца, родители, баби, дедовци, роднини и пријатели. Посакаа починатите да почиваат во мир, а на нивните блиски многу издржливост и сила, бидејки болката е неописна.

Инаку, трагердијата се случи во саботата во клуб Пулс во Кочани, а во истата загинаа 59, лица од различна возраст. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изразува длабоко сочувство на семејствата на загинатите.

-Општина Штип денес отвори и книга на жалост за починатите од несреќата во Кочани. Граѓаните на истата оставија пораки за починатите кои несреќно го изгубија животот во диското во Кочани. Простес се очекува утре во исто време. Уште потешка е ситуацијата од вчера и во Кочани, бидејки поголем дел од загинатите се од таму. Исто така градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов денес си даде и оставка

Иван Митев, М-Нет