
Платите на здравствените работници ќе се покачуваат и во следните неколку години од пет до девет посто. Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека платите ќе се покачат за пет посто само во следната 2025, а од пет до седум посто за 2026 година и од седум до 9 за 2027. Со ваквите промени ќе има рамноправност, усогласеност и мир за здравствените работници со кои тие ќе бидат задоволни по денешното потпишување на колективен договор со синдикатите, вели Таравари.
„Платите ќе се покачат идната година сигурно за пет посто на сите здравствени работници. 2026 се надевам повторно од пет до седум посто, како и 2027 од седум до 9 посто се надевам. Така да имаме некаков мир кај здравствените работници, некаква усогласеност и да не речам 100 посто, туку 95 посто се задоволни со овој колективен договро кој денеска го потпишуваме со синдикатите во здравството.“, додава Таравари
Врз основа на корекцијата на минималната плата направена е корекција на коефициентите на колективниот договор во сите групи на сложеност, додава Таравари
“Согласно зголемувањето на минималната бруто плата во март годинава, која беше зголемена во бруто износ од 22.739 денари на 33.352 денари или за 3.613 денари повеќе. Врз основа на корекцијата на минималната плата направена е корекција на коефициентите на колективниот договор во сите групи на сложеност. Извршена е корекција на звањата согласно законот со која фармацефтите како здравствени работници со високо образование се изедначени со докторот на медицина и докоторот на стоматологија.“ , додава Таравари
Со промените и ваквата усогласеност, за сите здравствени работници ќе се овозможи подобар живот и подобра заработувачка со што на ваквиот начин ќе им се почитува нивниот труд.
Лаура Стојанова, М-Нет