
Корнишони во тегли, печен пипер за во замрзнувач и везени пиперки за во буре – штипските домаќинки полека почнаа со подготовките за зимските месеци. Едни веќе ги подготвиле првите тегли, други вике деновиве ќе се фатат за работа. Велат, туршијата и зимниците мора да се направат, бидејки зимата долга, а домашното секогаш е најслатко.
Производителите на штипскито пазар велат дека побарувачката засега е задоволителна, цените додаваат се пристапни за секого. Граѓаните купуваат и пополека се спремаат за зима
И оваа година, штипските домаќинки полека ги полнат теглите и буренцата, за зимските месеци да има од сe по нешто. Било да е домашно подготвено или купено од продавница, штипјани велат дека за студените месеци на трпезата мора да има нешто од зимницата.
Иван Митев, М-Нет