
Петочен пазарен ден, пред празникот Бајрам во Штип. Зелената салата, младиот кромид и лук, повторно најбарани овој петок. Купувачите велат дека производство има доволно, ама при крај на месецот се слаби финансиски. Децидни се дека зеленчук треба да се конзумира, ама ќе купуваат онолку колку што им се нивните можности.
Побарувачката е задоволитена овој петок велат продавачите. Велат дека цените се идентични како претходно и се достапни за сечии џеб.
Инаку, овој петок граѓаните дополнително купуваа и краставици, домати и пиперки. Ја бараа и роквицата, како и морковод во комбинација со цвеклото. И овој пазарен ден продавачите го отценуваат како задоволителен.
Иван Митев, М-Нет