Песната „Љубов“ на групата стенд бај и пеачката Марија Данева, вчера беше промовирана во Скопје

Штипјанката Марија Данева и групата стенд бај, вчера ја промовираа нивната нова песна „Љубов“ во Скопје. Пеачката Данева истакна дека поттикот за самата песна се случил спонтано дури патувале со бендот на настапи, а во истата е вложено многу емоција, труд и љубов како што е насловена самата песна. Таа изјави дека ова е само нов мотив за работа и се надева дека песната ќе се слуша понатаму во иднина.

“Да, најпрво сакам да се заблагодарам на сите што беа присутни, нели на оваа премоција. Се надевам дека на сите им се допадна нашата нова песна, нашиот нов спот, па затоа гледам дека сите кои што беа пристуни се сеуште тука и се надевам дека песната ќе се слуша. Тоа беше се спонтано во кола, додека одев на настап, на свирка“, истакна Данева

Песната e со аражман на Бобан Василевски, а спотот е снимен на повеќе локации, велат од бендот.

“Аражманот е на Бобан Василевски, идејата дојде спонтано, спотот се снимаше на повеќе локации во Скопје.“, додава Александар

“Љубов не се зодава, тоа се раѓа. Тоа треба да имаш взаемна енергија, пред се. Значи љубов е бендот. Самите наши настани во живо, по клубови и локали, патувања дружби, тоа е љубов.”

Инаку, Данева од мали нозе е спонтано поврзана со музиката и тоа е нејзината инспирација за да во животот биде пеач. Има настапувано на многу значајни фестивали и концерти, а во иднина таа ќе работи на нова песна која што како што вели таа ќе биде балада.

Лаура Стојанова Стојановски