
Нов протест на пензионерите од Свети Николе – стари барања. На улица и денеска порачаа дека не се откажуваат од барањата за покачување на пензијата за 3500 денари како и усогласување на минималната пензија со минималната плата. Децидни упатија порака од утре протестите ќе ги радикализираат. Улиците во Свети Николеќе бидат блокирани со земјоделска механизација, а додаваат дека ќе користат и други предмети се до исполнување на своите барања.
„Продолжуваме со протестот без разлика на тоа каква одлука ќе се донесе. Нашето главно барање е покачување на пензијата линеарно за 3500 денари и усогласување на минималната пензија со минималната плата. Сакаме да покажеме дека ќе постапуваме и порадикално, патиштата овде во Свети Николе ќе ги блокираме од утре со земјоделската механизација.“- велат пензионерите.
Велат на неколку дена пред да земат пензија оставени се во неизвесност оти не знаат колку пари ќе им легнат на сметки и што може даси дозволат со тие пари.
До крајот на месецот се очекува од Министерството за труд и социјална политика да излезат со конкретни предлози за барањата на пензионерите.
Лаура Стојанова М-Нет