Пензиите да пораснат повеќе од 40% за да биде доволно, децидни пензионерите во Штип

Нов раст на пензиите од септември најави Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на својот фејсбук профил. Во објавата стои дека за нешто повеќе од една година растот на пензиите е за 24%.

„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%.Септември 2022- 6.8%.Март 2023 – 8.4%, Септември 2023- 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година“ напиша таа.

Ама за пензионерите покажувањето е далеку од доволно. Анкетираните се согласни дека покачување треба да има од 30 до90% за да може да почуваствуваат нешто. Во спортивно пензиите остануваат ниски и понатаму па едвај се врзува крај со крај од први до наредниот први.

„На пензионерите треба да им ја каќат пензијата 40% за да може да опстанат. Со 10 илјади, 12 илјади не може да се опстане.“ – велат пензионерите.

Со пензија од 10 до 18 илјади денари, пари има само за храна и лекови децидни се анкетираните граѓани. Велат дека тешко се живее со денешните пензии и денешниот страндард.

„Со 12 илјади никако не се прекарува месецот, никако, никако.“ – додаваат пензионерите.

Поседното покачување на пензиите беше во месец март за околу 8%, а согласно методологијата на Влада усогласување се прави двапати годишно во месец март и во месец септември.

Лаура Стојанова М-Нет