Педесетина дечиња се на листа на чекање за прием во детските градинки во Штип

Педестина дечиња се наоѓаат на листата на чекање за да бидат згрижени во детските градинки во Штип. Малите капацитети во детските градинки и недостатокот на персонал се главните причини поради кои оваа листа се зголемува и не можат сите дечиња да бидат предучилишно згрижени.

„Во моментот имаме листа на чекање за дечиња кои сакаат да бидат запишани во детска градинка, тој број е околу 50 дечиња. Капацитетите на градинките се мали тоа е едната причина и другата причина е што недостасува и персонал.“ – вели Санева.

Изградба на нова детска градинка е планирано од страна на општината за да намали листата на чекање. Истовремено, се очекуваат дозволи од Министерството за прием на нов кадар кој ќе работи во детските градинки во Штип. Бидејќи старите вработени заминуваат во пензија, нови не се примаат и нивните места остануваат празни.

„Во иднина се планира да се прошират тие капацитети, да се изгради нова детска градинка и се надеваме дека министерството ќе излезе во пресрет и ќе ги даде потребните дозволи за прием на нов кадар кој ќе работи со дечињата.“ – додава Санева.

Во двете штипски градинки недостатокот на кадар е значително голем, па оштината останува со врзани раце кога е во прашање приемот на нови дечиња.

Лаура Стојанова М-Нет