
Со цел градење на една нова успешна спортска слика за град Штип, Емил Павлов е кандидат за советник во Советот на Општина Штип, од редовите на СДСМ. Денеска тој истакна дека Штип долго време го носи епитетот расадник на спортисти кои остваруваат историски успеси, па следствено на ова тој директно сака да биде вклучен во една нова успешна спортска слика.
„Со моето искуство во спортот и со моите постигнувања знам дека можеме од Штип да направиме уште поголем расадник на млади спортски таленти со кои сите ние ќе се гордееме. За да го задржиме приматот на шампионски град треба постојано да вложуваме во терени и игралишта, во модерни спортски сали, а секако и во континуитет да вложуваме во идни таленти и спортисти со кои нашиот град ќе се гордее. Ќе организираме настан под мотото „Спортот обединува“. Станува збор за организација на спортски натпревар во повеќе спортови“ – додаде Емил Павлов
Спортските натпревари ќе бидат во организација на основните и средни училишта. Истовремено ќе се работи на обезбедување на многу нови спортски содржини, реконструкција на сали и исгралишта, додаде Павлов.
Лаура Стојанова М-Нет