
Оризовата арпа сѐ уште стои во амбарите во Облешево, земјоделците велат откуп нема. Не е започнат ниту откупот за стоковите резерви, а откупувачите ориз купуваат селективно, велат земјоделците. Според нив, 50% од оризот стои, па неизвесно е како ќе се одвива наредната сеидба и колку од полето ќе биде под ориз.
„Откуп се уште не се врши за резервите, оној редовен откуп го нема, само откупувачите откупуваат на кого сакаат. Сѐ уште немаме никави позитивни инфромации околу откупот на оризот и оризовата арпа. Според нашите проценки околу 50% производство стои неоткупено. Околку 10 илјади тони имаме оризова арпа на залиха.“ – вели Максимов.
Според последните информации на оризопризводителите, цената се движи од 22 до 25 денари за килогра оризова арпа. Ова е цена која како што велат се диктира од страна на откупувачите. Затоа бараат мерката од шест денари од Владата да се продолжи наместо до крајот до март, да биде до крајот на месец август.
„Очекуваме да излезе министерот со соопштение и да каже дека мерката од шест денари ќе продолжи до август бидејќи не се врши откуп. Затоа мерката треба да продолжи до август.“ – вели Максимов.
Сеидбата на оризот треба да започне кон почетокот на месец мај, но како што велат земјоделците и годинава ќе доцни. Едно заради времениските услови и обработувањето на нивите, друго заради наводнувањето.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет