Откорнат дел од покривот на КБ Штип, паднати дрвја и оштетени објекти – последици од невремето во Штип, екипите на терен

Откорнат дел од покривот на Клиничката болница Штип, паднати дрвја, оштетени приватни куќи, институции, возила, на повеќе локации низ градот – ваква слика остави силното невреме што синоќа го зафати и градот под Исарот. Од синоќа на терен се екипите на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица и полицијата, кои работат на расчистување на последиците. Според градоначалникот Иван Јорданов, нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета. Општината формира комисија за евидентирање на штетите и ги повика граѓаните да ги пријават оштетувањата на својот имот.

,,Во координација со сите чинители и членови на кризиниот штаб, веќе на терен се делува. На терен работат сите екипи ја јавните претпријатија Стипион, Исар, ТППЕ. Во омуникација со СВР Штип се расчистуваат сите сообраќајници. Од она кое што можевме да го добиеме како повратна информација на самиот кризен штаб, морам да констатирам дека е предизвикана материјална штета на приватни имоти, институции. Имаме доста случаеви евидентирано во повеќе населби на паднати дрвја, гранки, кровни конструкции, оштетени возила. Сетоа она кое што и во моментот го работат екипите, како комисија од страна на Општина Штип, која ќе ги евидентира сите настани штети. Оваа прилика ја користам да ги овикам сите граѓани да пријават одредена промена која е настаната поради невремето или оштетување на нвиниот приватен имот за да имае точни податоци за состојбата на териториајта на општината.“, кажа Јорданов

Најголеми штети од синоќешното невреме претрпе Клиничката болница Штип, каде што е откорнат дел од кровната конструкција. И покрај големата материјална штета, нема повредени лица, а болницата ќе продолжи непречено да ги обезбедува здравствените услуги, додека надлежните работат на санација на оштетувањата.

,,Се наоѓаме во кругот на КБ Штип. Овде е едвидентно дека имаме најголеми и најповеќе штети, пред се на кровната конструкција на КБ. За среќа немаме повредени лица, но настаната е голема материјална штета, бидејки еден ден од кровната конструкција е целосно одстранет и практично болницата следните денови мора да се прилагоди, за да може непрекинато да ги дава здравствените услги. Екипите на сите институции ќе бидат на терен за да ги одстрануваат состојбите.“, вели Јорданов

,,Се работи за последниот спрат, тоа е делот за ортопедија и единицата за интензивно лекување. Тие фунционираат, но со намален капацитет. Пациентите се сместени во делот каде што е суво.“, вели Ефтимова

Сведоците раскажуваат дека силниот ветер носел се пред себе, а моментите додека беснеело невремето биле застрашувачки.

Инаку, невремето кое вчера се случи, погоди повеќе градови и населени места во државата. Освен што има штети во објекти, огромни штети има и кај земјоделците од околината.

Иван Митев, М-Нет