
За прв пат во Штип, во саботата беше отворен сервис за камиони и автобуси на „Црво експрес“. Ова преставува најголем отворен сервис до сега во Општина Штип, со што се нуди одлична можност за опслужување на граѓаните.
„Се работи за еден од најновите и најсовремените сервиси што постојат во Македонија, и се работи за сервис којшто ќе располага со дијагностика направена по европски терк, т.е. Европска дијагностика којашто ќе располага со сите типови автобуси и камиони којшто се произведени заклучно до оваа година“ – беше дел од изјавата на Русе Митрев, Т.А. „Црво експрес“.
Сервисот за камиони и автобуси се наоѓа во населба „Баби“ во Општина Штип, односно непосредно на излезот од населбата кон селото Караорман. Ова е прв ваков сервис во Штип, секако со тенденција да се развива и во останатите градови во државата. – дознавме од Русе.
Инаку, туристичката агенција „Црво експрес“ е една од најстарите агенции во Македонија, со долгогодишно, професионално, признато искуство. Оваа агенција располага со доста сертификати за сообраќајна компетентност во патниот сообраќај, како и голем број на благодарници и признанија од областа на туризмот.
Лаура Стојанова М-Нет