Отворен е хуманитарен пункт во дворот на црквата Св. Никола во Штип

Отворен е хуманитарен пункт во дворот на црквата „Св. Никола“, каде граѓаните имаат можност да донираат сува храна. Акцијата ги повикува сите хумани и општествено одговорни лица да се вклучат и да придонесат во текот на денот. Донациите ќе бидат спакувани во хуманитарни пакети и дистрибуирани до сиромашни и ранливи семејства во општините Штип и Карбинци.

„Хуманитарниот пункт во дворот на црквата Св. Никола е отворен и денес, во таа цел ги повикуваме сите хумани граѓани, сите општествено одговорни граѓани кои што сакаат да донираат сува храна, да го сторат тоа во текот на денешниот ден, со цел истата во склоп со хуманитарни пакети да биде дистрибутирана до сиромашни и ранливи семејства во општините Штип и Карбинци. Вакви хуманитарни пакети се дистрибуираат во текот на сите изминати години. Меѓутоа, по повод празниците Бадник и Божиќ. И оваа година иницијативата се спроведува со мотото „Нашето малку некому значи многу“- Милена Ристова Михајловска

Акцијата, која традиционално се организира и пред другите празници, и оваа година се спроведува под мотото „Нашето малку некому значи многу“.

Михајловска ги покани сите хумани граѓани да се приклучат денес и да помогнат во создавањето подобри празнични моменти за оние на кои им е најпотребно.

Дајана Сандева, М-Нет