
Младите дечиња од Кочани веќе имаат можност да го посетат градскиот базенот во Кочани и да научат разни техники на пливање. Почнувајќи од 5 годишна возраст, околу 40 дечиња се првите посетители на базенот во Кочани. Таква беше сликата и утринава каде заедно со нивниот тренер уживаа и учеа техника плус.
„Започна пливачката школа „Шарк“ со работа. Имаме пријавено дечиња на возраст од 5 години па до 15 години, имаме пливачи и дечиња што учат да пливат. Пливачите веќе изучуваат техники како крал, брус и градно“ – истакна Тони Стојанов Професор по пливање
Пријавените дечиња кои овде учат да пливат задоволни од организацијата, дел од нив веќе знаат дел од техниките за пливање и продолжуваат понатаму да научат нешто дополнително.
Пријавените се поделени во групи непливачи и пливачи, секојдневно заинтересираноста расте, а пливачката школа ќе трае до крајот на летната сезона.
Лаура Стојанова М-Нет