
Отворена новата соблекувала за студентите во склоп на КБ Штип. Со реализација на овој проект студентите од факултетот за медицински науки при УГД Штип добиваат свое катче. Иницијативата започна во месец октомври минатата година, а сега е целосно реализирана.
„Сакаме да потенцираме дека со оваа иницијатива докажавме дека младите и студентите може да придонесат во општеството и нивните иницијативи и идеи да се спроведат. Соблекувалната е наменета за користење на сите студенти на факултетот за медицински науки при УГД.“ – вели Жежова.
Целта е студентите да имаат свое место, кое ќе го користат не само како соблекувална, туку и како нивен простор. На тој начин ќе се олесни и работата по одделенијата и нема да се создава непотребна гужва.
„Голема е бројката на на факултетот за медицински науки, но оваа соблекувална е наменета за студентите од трета, четврта, петта и шеста година кои одат на пракса во КБ Штип. Наша цел е да го намалиме протокот на студенти по одделенијата и да имаат свое катче“ – додава Величков.
Во овој проект учествуваше и КБ Штип, како логистички поддржувач, односно обезбеди просторија за потребите на студентите.
„КБ Штип во овој проект учествува како логистички поддржувач, то ест ние овозможивме просторија која може да се реконструира за студентите“ – додава Захариев.
Според последните бројки најголем број на студенти и најголем интерес има на факултетот за медицински науки. Студентите по медицина одат на пракса на одделенијата при КБ Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет