
Отворена модуларната ковид болница во Штип. Од попладнево веќе започнува со работа и прием на пациенти. Овде ќе бидат сместени пациентите кои имаат потешка клиничка слика, и има место за 47 пациенти.
Моментално ковид позитивните пациенти во Клиничка Болница Штип се распределени на четири оддела, најтешките случаи на Инвективно одделение со анистезија и реанимација, дел се на Кардиологија и тие што се во фаза на излекување, долежуваат на Кожното одделение. Со пуштањето на модуларната болница пациентите ќе бидат распределени во два оддели.
Сликата е страшна. Голем е бројот на лица кои имаат вистинска потреба од кислород. Новиот бран многу пострашен од претходните, повикува на итна потреба од почитување на мерките и протоколите за заштита од невидливииот непријател.
Во модулараната болница во Штип, ќе бидат згрижени пациенти од целиот Исток со потеешка клиничка слика. Бидејќи сеуште се чести случаите позитивните лица многу долг период да се лечат дома и во болницата доаѓаат во критична сосотојба, Шишкова апелира тој факт да не се применува. Во изминатото деноноќие во Штип хоспитализирани се 63 пациенти на Анстезиологија, 5 на кардиологија и 5 пациенти на Кожното одделение. Регистрирани се и два починати пациенти на 72 и 83 годишна возраст.
Лаура Стојанова М-Нет