Остварена средба на сниматели од Југоистокот со цел да се подигне оваа професија на повисоко ниво

Новинарството како професија бара доста посветеност, работа, труд и искрена желба. Како главни актери овде се новинарите, но ништо не успева без сниматели, монтажери и друга потребна работна екипа. Одовде се појавуваат и главните проблеми на сите инволвирани групи. За да се слушнат проблемите на снимателите, нивните барања, а воедно и да им се помогне вчера се реализираше средба во Штип, со снимателите од Југоисточниот дел, под организиација на Здружението на новинари на Македонија.

„Со оваа средба со нашите колеги сакаме да допридонесеме нашата професија снимателска да ја кренеме на едно повисоко ниво и да ги слушнеме нивните проблеми со кои се соочуваат во снимањето во секојдневните настани. Затоа што снимателите и нивната професија се симнати испод секое ниво, бидејќи се слабо платени, не им е ценета професијата, а притоа со новата технологија снимателите извршуваат неколку професии3 – исткна Трајче Илиевски, член на секцијата на сниматели при ЗНМ.

Целта и мисијата на оваа средба пред се е подигање на снимателската професија како од технички аспект, така и од нивните услови за работа кои ги имаат.

Секцијата на сниматели при ЗНМ е со цел да им се помогне на сниамтелите да ги остварат своите права и обврски во сите сегменти на професијата која што налага.

Лаура Стојанова М-Нет