
Општина Штип ќе ги стумилира спортистите, спортските работници со една нова мерка, а тоа е спортска стипендија најави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
„Како локална самоуправа оваа година за првпат ќе ги стимулираме спортистите, спортските работници со една нова мерка, а тоа е спортска стипендија, за да навистина создадеме едни вредности коишто ни се потребни во едно вакво време во коешто живееме“, рече градоначалникот Иван Јорданов.
Градоначалниот Јорданов истакна дека овој долгонајавуван проект веќе е испланиран во буџетот, во програмат за спорт на општина Штип.
„Веќе наредниот месец да се распише повикот на кој ќе може да аплицираат спортистите од нашиот град кои што имаат одредени достигнувања на државно, на меѓународно ниво. Ова е долгонајавуван проект кој што веќе го испланиравме во буџетот, во програмата за спорт на општина Штип и верувам дека сите спортски резултати кои што потекнуваат од нашите сограѓани и кои што се создадени и достигнати на наши сограѓани ќе бидат вреднувани со овие спортски стипендии, а со тоа ќе се мотивираат и останатите спортисти, спортски работници да направат еден позитивен исчекор во годините кои што следат“, додава Јорданов.
Ова е уште еден стимул за спортистите и спортските работници да продолжат во иднина работат напорно и посветено кон уште поголеми успеси на домашната и меѓународната сцена.
Александар Ванев, М-Нет