Општина Штип го објави конкурсот за доделување на признанието 8 ноември

Објавен конкурсот за доделување на признанието 8 ноември во Штип. Граѓани на Штип, физички и правни лица кои оставиле значајни достигнувања во изминатата година за градот, може да се пријават на објавениот конкуср. Од Општина Штип истакнаа дека конкурсот е веќе објавен, а признанието се доделува во неколку области.

„Признанието 8 Ноември се доделува на физички и правни лица од Општина Штип и од Република Македонија како знак на општо признание за особени постигнувања и придонес во афирмација и развој на градот во областа на стопанството, науката, уметност, образование, култура, спорт… Признанието се доделува и по разни поводи за лични залагања и особен придонес за за градот во сите области. Признанието се состои од плакета. Право да предлагаат кандидати имаат сите физички и правни лица со седиште односно живеалиште во Општина Штип“ – истакнаа од општината.

Додаваат дека предлогот мора да биде образложен со кратка биографија. Конкурсот трае 15 дена, а предлозите може да се доставуваат до Комисијата за доделување на награди на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет