ОО СДСМ Штип со реакција, за дезинформациите и клеветите на нивна сметка ќе поднесе тужба

По вчерашниот прилог во врска со финансиските средства кои се слаеле на смета на хуманитарната организација „Подај рака спаси живот“ на хуманитарецот Александар Ѓорѓиевски, реакција пристигна и од страна на ОО на СДСМ Штип. Имено, во излагањето Ѓорѓиевски посочи дека е мета на лажни профили предводени од советниците на СДСМ во Советот на Општина Штип. Од партијата посочија дека расфрланите обвинувања во целост ги отфрлуваат.

„Нагласуваме дека вчера расфрланите обвинувања во целост ги отфрламе. За лицето кое преку Вашиот медиум пласираше дезинформации и клевети ќе биде поднесена соодветна тужба. Како партија сме отворени за соработка, како досега, така и во иднина.“ – реагираат од СДСМ

Од партијата реагираат и до нашиот медиум кој ненамерно испушти да побара одговор од посочената страна. Партијата во оваа прилика додаде дека несебично нуди нивната помош и соработка во насока на објективно информирање засновано на факти. Борбата против дезинформации и лажни вести е целосно прифатена и од наша страна.

Лаура Стојанова М-Нет