Околу 50 првачиња од септември ќе стартуваат во ООУ ,,Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци

Околу 50 првачиња од септември ќе стартуваат во ООУ ,,Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци. Оваа е вкупната бројка заклучно сите села. Како што истакна градоначалникот Виктор Паунов, радува фактот дека бројката не се намалува и истата е константната последните неколку години. Очекуваат и повеќе запишани

,,ОУ Страшо Пинџур Карбинци со сите подрачни училишта, оваа година идентично како лани, околу 50 тина дечиња се запишани во прво одделение. Ме радува тоа дека бројот не е намален, однонсо задржан во континутет на последните години.“, рече Паунов

Реконструкцијата на училиштето во село Радање не се очекува да биде завршена до септември потенцираше градоначалникот Паунов. Крајните фази се очекуваат да бидат готови до крајот на првото полугодие, а за тоа време учениците ќе се образуваат во централнто училиште во општината.

Инаку, како што соопшти градоначалникот Паунов, учениците од село Радање ќе имаат секојдневн превос, а со тоа и безбедни услови во училиштето, имајки во предвид дека од оваа година во општината започнува и едносменската настава.

Иван Митев, М-Нет