
Околу 30 пациенти во Македонија, пред се оние кои имаат потекло од Источниот дел на државата се соочуваат со ретка болест на нервните завршетоци. Болеста се појавува и кај мажи и кај жени над 50 годишна возраст. Се лекува со помош на таблети и инфузија, а се карактеризира со оток на рацете, нефункционалност до целосна парализа.
„Потекнува од Источна Македонија, во моментот имаме околу 30 пациенти на терапија. Болеста почнува некаде околу 50 година, ги зафаќа нервните завршетоци со што не може да функционира телото, рацете, нозете се запушува нервниот систем и пациентите имаат големи проблеми.“ – вели Бојаџиевски.
Дејан Бојаџиевски е пациент со ваква ретка болест, но како што вели навремено е откриена и се лекува. Проблем за пациентите од Истокот е што мора да патуваат до Скопје за терапија, а дополнително терапијата ја нема постојано.
„Проблемот со инфузиската терапија која се прима на 21 ден. Имаме пет пациенти кои се од Делчево и од Виница и сега моментално терапијата не е пристигната, заради промена на министерот. Одложена е терапијата за оваа недела и ќе видиме дали другата недела ќе пристигне.“ – додава Бојаџиевски.
Пциентите од оваа болест почниваат пред се заради ненавремено откривање на истата. Станува збор за генетска болест која ја има и во Република Бугарија, но таму е откриена порано во 2013 година, а застапена е и во Португалија и Шведска.
Иван Митев, М-Нет