
Реализирана редовната крводарителска акција во Кочани, која се организира секој последен четврток во месецот. Топлото време не ги спречи граѓаните повторно да даруваат крв со цел да спасат нечии човечки живот. До пладне беа собрани над 20 крвни едници, со што од Црвен Крст Кочани посочуваат дека се задоволни од хуманоста на граѓаните. Акцијата е во соработка со Центарот за трансфузиона медицина Штип.
„Денеска во просториите на Црвен крст Кочани се спроведе редовна крводарителска акција, која се реалзира секој последен четврток во месецот. Акцијата е во соработка со Центарот за трансфузиона медицина Штип. Досега имаме собрано над 20 крвни единици“ – вели Коцева.
Летниот период се намалува бројот на крводарители бидејќи е период на одмори. Од Црвен крст Кочани апелираат до сите граѓани кои се во можност да даруваат крв и да спасат човечки живот.
Лаура Стојанова М-Нет