Околу 140 илјади евра обезбеди КБ Штип за поправка на трите апарати

Медицински кадар и понатаму недостасува на повеќе оддели при Клиничка болница Штип. Одделот за очни болести е лидер, па повеќе од потребна е екипираност со цел да може да работи непречено и да им излезе во пресрет на барањата на пациентите. Барање за вработување е испратено до Финасии, ама уште се чека одговор за вработување на 30 лица до крајот на годинта.

„Нашиот дел во делот на барање за вработување е завршен оддамна. Според наши информации барањето е во Министерство за финасии. Јас се надевам дека ќе одговорат позитивно како би успеале до крајот на годината да ги реализираме тие 30 вработувања од сите профили кои ги баравме.“ – вели Ѓеорѓијев.

Во меѓувреме започна постапката за поправка на магнетната резонанца и компјутерската томографија во КБ Штип. Со поправката и на расипаниот рентген апарат болницата издвои околу 140 илјади евра за да ги стави во функција овие три значајни апарати.

„Денеска е почната постапката за поправка на магнетот и компјутерската томофрафија. До пред неколку месеци не работеше апаратот за рентген и тој е ставен во функција. Неговата поправка чинеше некаде околу 40 илјади евра, а поправката за овие два апарти некаде ќе чинат околу 100 илјади евра“ – додаде Ѓеорѓијев.

Ѓеорѓијев истакна дека само со доволно вбработени, специјализации и субспецијализации како и апарти болницата ќе може да одговри на потребите на пациентите не само од Штип туку од цел Исток и регион.

Лаура Стојанова М-Нет