Од 22 ноември почнува со работа новото „Сити“ такси во Штип со електрични возила

Од 22 ноември ќе започне со работа новото Сити такси во Штип. Станува збор за такси превоз со електрични возила, модерна технологија, безбедност за граѓаните. Такси компанијата ќе започне да работи најпрво со 30 возила, а околу Нова Година бројот ќе се зголеми на 50, со што ќе се зголеми и бројот на врботени лица.,

„Се работи за такси превоз на електричен погон, со електирчни возила, со најнова технологија и најнови батерии, тотално безбедни и конфортни возила. Интезивно работиме и големото отворање ќе биде на 22 ноември во сабота на Плоштадот во Штип. Вкупно вработени има 70, ќе функционираме најпрво со 30 возила, а до Нова година треба да пристигнат уште 20 возила.“ – вели Пуздерлиски.

Нема да се чека такси возило во ноќните часови или проблем да биде наплатата со картичка или он лајн. Новата такси компанија во Штип нуди покриеност на градот 24 часа дневно, повеќе начини на наплата и неколку начини на повикување на такси возило.

„Околу ефикасноста на компанијата обезбедени се повеќе броеви, покрај скратениот 13 101, постојат и два мобилни телефони. Обезбедена е апликација од која лесно и брзо може да се повика возило и да се плато он лајн во апликацијата. Од аспект на покриеност и во доцните часови ќе имаме доволно возила да ги опслужиме граѓаните.“ – вели Пуздерлиски.

Се работи и на просторот на влезот во населбата Баби каде се поставени 16 спори и два брзи полначи за возилата. Ќе има сопствено производство на електрична енергија од 250 киловати соларни панели, со моќност од еден мегават. На овој простор своите возила ќе може да ги полнат и останатите граѓани.

Од кмапнијата упатија покана до сите граѓани на 22 ноември на плоштадот во Штип да присуствуваат на отворањето на новото такси. Тогаш ќе имаат можност да се запознаат со начинот на работа, апликациите, како и пробно да се возат.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет