Од утре започнуваат бесплатните гинеколошки прегледи за жените во Општина Зрновци

Од утре во Општина Зрновци ќе се спроведуваат бесплатни гинеколошки прегледи. Ќе започне со работа мобилната амбуланта во која ќе се вршат бесплатни пап тестови и ехо прегледи за жените од руралните средини. Целта на ваквата активност е да се превенира кога е во прашање рак на грлото на матката. Градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, посочува дека оваа активност ќе се реалзира се додека има пријавени граѓани.

„Општина Зрновци во соработка со Црвен крст Кочани ќе реализира проект – бесплатен пап тест и ехо преглед за жените во руралните средини. Проектот е поддржан и од министерството за здравство. Проектот ќе започне утре и ќе трае во зависност од пријавениот број на наши сограѓанки.“ – вели Коцев.

Мобилната амбуланта е сместена ово општинската зграда. Ќе работи во периодот од 10 до 13 часот, а граѓаните соодветно ќе бидат извесетни за датум и време кога треба да се појават на преглед.

„Мобилната амбуланта ќе биде сместена во приземје во Општина Зрновци“ – додава Коцев.

Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места да направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи.

Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.

Согласно последниот попис во државата во Зрновци има 2086 жители од кои 1048 мажи и 1038 жени.

Лаура Стојанова М-Нет