Одложеното 13 коло на ТМФЛ – Исток ќе се одигра во недела, во Берово дерби Малеш – Детонит

Поради обилните врнежи од снег минатата недела беа одложени натпреварите од 13 коло на ТМФЛ – Исток кое ќе се одржи веќе утре недела. На програмата ќе бидат интересни натпревари од кои секако вниманието го привлекува мечот во Берово каде што ќе гостува атрактивниот тим на Детонит од Радовиш. Еве ги комплетните двојки за ова 13 коло:

  1. Раклиш – Тиверија
  2. Малеш – Детонит
  3. Брегалница – Василево
  4. Карбинци – Овче Поле
  5. Спартмани – Хоризонт
  6. Чешиново – Работник

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 28 март со почеток во 15.00 часот без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk