Одгледува овце, чува кокошки и свињи, дедо Анѓел од село Долни Стубол на 80 години живее сам

Огледува овци, иам свињи и кокошки, работи лозје, дедо Анѓел Спасов има 80 година и сам живее во селото Долни Стубол, пробиштипско. Вели благодарение на неговото добро здравје, сам се грижи за овците кои ги чува за сопствена потреба, собира јајца од дваесетината кокошки, а одгледува и лозје. На таков начин се одржува во живот. Во селото млади речиси и да нема, останале само повозрасните граѓани кои живеат и егзистираат овде. Дедо Анѓел вели и неговите деца заминале да живеат во градот, однонсо во друга држава, а тој јајца, сирење и млеко произведува за сите.

„Нема народ, ама нашето е најголем село во Пробиштип. Јас овде живеам сам, синовите еден е во Словенија, другиот е овде во Пробиштип. Нема млади. Јас чувам 15 овци, две – три свињи, дваесетина кокошки и лозје имам.“ – вели Спасов.

Во селото Долни Стубол има продавница, но нема ниту училиште, ниту болница. Жителите одат до градот Пробиштип ако имаат некаква потреба. Затоа како што вели дедо Анѓел, селата полека изумираат, бидејќи младите се иселуваат од нив.

„Работам за мои потреби. Училиште нема, а продавница има. Болница имаше ама затворија ја. Селата си отидоа, 100%.“ – вели Спасов.

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Пробиштип,  во западна насока, на оддалеченост од околу шест километри. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 610 метри. До селото се стигнува преку регионален пат.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет