Одбојкарките на Јанта Волеј КВ на чекор до шампионската титула, откако триумфираа над Работнички Скопје и во вториот меч!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ со 1-3 во сетови триумфираа над Работнички Скопје на вториот меч и со тоаи маа предност од 2:0 во финалната серија, со што се на чекор до освојување на шампионската титула.

Работнички Скопје првиот сет го доби со 27:25 и имаше предност од 1-0 во сетови, а потоа Јанта Волеј КВ ги доби следните три сета. Вториот сет Јанта Волеј КВ го доби со 13:25 за 1-1 во сетови, следуваше уште еден одличен сет за Јанта Волеј КВ кој го доби со 17:25 за 1-2 во сетови и третиот го доби со 18:25 за конечни 1-3 во сетови, па така Јанта Волеј КВ има предност од 2:0 во финалната серија.

Во овие три сета одбојкарките на Душко Деспотовски немаа идеја за противникот кој беше одличен на теренот, постојано бркаа негатива, а на теренот се соочија и со многуте технички грешки.

Покрај Бошковска одлична беше и Георгиевска со 11 поени, а пак кај Работнички Скопје се истакна Стакхаус со 11, а Василевска имаше 9 поени.

Екипата на Никола Јаневиќ е на чекор до шампионската титула во Првата женска македонска одбојкарска лига, сега им останува да го добијат и третиот меч кој се игра на нивен терен и пред нивна публика. Третиот меч од серијата е закажан за во петок со почеток од 19:30 часот во салата „Независна Македонија“ во Скопје.

Александар Ванев, М-Нет