
Македонските девојки членови на репрезентацијата У-19 го одработуваат јануарскиот циклус во Берово. Селекторот на македонската селекција Ненад Михајловиќ на рaсполагање има 18 одбојкарки со кои ќе се работи на техничко – тактички план во пресрет на контролните пријателски средби во соседна Србија. Сите овие вложувања на Одбојкарската Федерација на Македонија се со цел поспремен дочек на Европското Првенство за млади до 19 години кое ќе се одржи во 2022 година во Скопје.

Во составот на македонската репрезентација се наоѓа и штипјанката Мила Вакувска која настапува за екипата на УГД Студент што преставува чест и гордост за самата одбојкарка и за одбојкарски Штип. Колку за потсетување декемврискиот циклус на подготовки исто така се изведуваше во Берово со 24 одбојкарки а сега списокот е скратен на 18 девојки. Според селекторот Михајловиќ засега во Берово се најперспективните одбојкарки, но тоа не значи дека списокот е конечен, т.е. ќе има уште многу тестирања за ЕП во 2022 година и ќе се следи напредокот на сите преостанати млади девојки. Во случај на повредени или болесни одбојкарки во репрезентацијата ќе има дополнителни повикувања од преостанатите девојки.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk