
Одбојкарите на Штип УГД доминираат на стартот од новата сезона откако прокнижија нови три бодови по убедливата победа над Јанта Волеј, практично ја декласираа со 0:3 во сетови.
Првиот сет заврши со убедливи 7:25 за штипјани, а во вториот пак резултатот беше 10:25. Во третиот сет домаќинот пружи отпор, но штипајни го освоија сетот со 17:25.
Со оваа победа Штип УГД има четири од четири и максимални 12 бодови на своето конто.
Лирија на домашен терен со 3:0 во сетови беше пресилна за екипата на Весна Пробиштип, со што тимот од Пробиштип има четир порази од четири натпревари и се наоѓа на дното од табелата без бодови.
Шампионот Струмица со максимални 3:0 го декласираше тимот на Вардар, а пак Шкендија исто така на доминантен начин со 3:0 го доби тимот на Македонија Џио. Универзитет Тетово дојде до своето второ славје откако беше подобар од Скопје.
Неизвесен меч имаше меѓу Работнички и Борец каде велешани го добија меч со 2:3. Првиот сет го доби Работнички со 25:15, а потоа во следните два сета подобар беше Борец со 16:25 и 19:25 за 1:2. Во четвртиот сет Работнички беше подобар со 25:20, а во петиот сет Борец беше подобар со 13:15.
Лидер е Штип УГД со максимални 12 бодови, Борец е втор со 11 бодови, а пак Шкендија е трета со девет бодови. Струмица има два заостанати натпревари.
Александар Ванев, М-Нет