Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула совладувајќи го Штип УГД

Струмица ја одбрани шампионската титула во домашното првенство во машка сениорска конкуренција откако во четвриот меч со 3:1 во сетови го совлада освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД.

Струмичани ја освоија осмата шампионска титула во низа или вкупно 12-та во клупската историја, со што одбојкарите на Струмица ја продолжуваат доминацијата во македонската одбојка.

Првиот сет струмичани го добија со 25:21, а вториот со 25:19. Третиот сет го доби Штип УГД со 16:25 и ја врати неизвесноста во спортската сала „Парк“. Во четвриот сет беше повеќе од неизвеснот и Штип УГД играше до последно да го добие сетот за да се оди и на петтио сет, но сепак Струмица годоби сетот со 25:23 и така започна големото славеј во спортската сала „Парк“ пред домашната публика.

Кај Струмица најмногу поени имаше Нилсен вкупно 26 поени, Кинтеро со 15 и Лепидовски со осум ја водеа Струмица до победа, кај Штип УГД најдобар беше Задмард со 21 поен, додека Багаев имаше 18, а Гомез реализираше осум поени.

Двете екипи зад себе ќе имаат успешна сезоната, бидејќи Струмица ја одбрани титулата во домашното првенство, а пак Штип УГД ја освои Куп-титулата.

Александар Ванев, М-Нет