Овче Поле го пречекува Вардар Неготино, Текстилец со Аеродром, Мулти Есенс против Скопје

Од вечерва па до недела ќе се одиграаат натпреварите од 2. коло на плеј-офот и плеј-аутот во Првата ракометна лига.

Во рамки на плеј-оф сегментот екипата вечера Металург РА ќе игра против Драчево, утре екипата Јехона на домашен терен ќе има тежок меч против Македонија ЃП, а пак во Свети Николе ќе се соочат Овче Поле и Вардар Неготино. Во Автокоманда соочување на Мулти Есенс и Скопје.

Во недела екипата на Еурофарм Пелистер 2 како фаворит ќе го пречека Младост од Богданци.

Во плеј-аутот ќе се одиграат два натпревари, а две екипи ќе биде слободно односно Партизан и Преспа Вардар.

Екипата на Текстилец вечерва во Штип игра против Аеродром, а пак Шампион во недела на домашен терен против Астраион.

Александар Ванев, М-Нет