
Овој викенд продолжуваат возбудувањата во Третата кошаркарска лига на Македонија. Во рамки на групата А се игра 9. коло каде Куманово ќе игра со Тетекс, Феникс Баскет ќе биде домаќин на Гостивар 2, а пак Дибра Еаглс ќе игра со Љуботен, а во рамки на ова рудан слободна е екипата на Младинец.
Лидер на табелата во групат А е екипата на Тетекс со 12 бодови, а толку има и Љуботен кој е втор, додека пак Феникс Баскет е трет со 11 бодови.
Во групата Б екипата на Спортисимо Баскет ќе игра со ИБА Скопје, Хераклеа го пречекува тимот на Чаир, а пак Мега Баскет Јуниор ќе биде домаќин на Овче Поле. Во ова коло слободна е екипата на Конзули од Битола.
На врвот од табелата со максимални 14 бодови е хераклеа, а пак Овче Поле е втор со 12 бодови.
Во рамки на групата В таму ќе се одигра еден натпревар, а дури три екипи ќе бидат слободни. Гевгелија на домашен терен ќе игра против Струмица Ролинг, а слободни ќе бидат екипите на Шкупи, Баскет Дино и Вардар.
Лидер на табелата е Вардар со девет бодови, а толку има и Струмица Ролинг кој е втор.
Александар Ванев, М-Нет