
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22/23.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип пет лица, од кои две малолетни, не ја почитувале забраната за движење, при што истите се приведени.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 2 лица им се издадени решенија за изолација, а 3 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 74 контроли кај лица во изолација и 227 кај лица во самоизолација.