
Најава за нов бојкот во петок во сите маркети во државава. Иако првиот се покажа како не многу успешен, сепак од вчера на социјалните медиуми се шири нов повик за бојкот со цел намалување на истите. И анкетираните на терен за М-нет согласни дека повторно ќе бојкотираат, бидејќи само така како што велат ќе се дојде до некакво решение.
Друг дел остануваат со мнението дека сепак бојкотот е бадијала трошење време и истиот нема резултат.
Во согласност со ситуацијата прометот на маркетите од претходниот бојкот беше намален за 50 отсто и тоа беше првата опомена од граѓаните, трговците совесно да работат. Истиот беше потикнат од Хрватска и до сега се распросрани низ повеќе држави.
Иван Митев, М-Нет