Нов асфалт и нова водоводна мрежа доби и улицата „8 Април“ во Дузлачки рид

Штипската населба Дузлачки рид ќе добие нова асфалтирана улица, улицата „8 Април“. Претходно на оваа улица се менуваше водоводната мрежа, а денеска увид изврши и градоначалникот, Иван Јорданов, кој посочи дека се надева оти ова ќе биде во корист на жителите.

„Се наоѓаме на улицата „8 Април“, којашто се наоѓа во населбата Дузлачки рид. Овде претходно констатиравме дека жителите имале проблем со водоводната мрежа, честите дефекти и оштетениот коловоз на постоечката сообраќајница, затоа одлучивме најпрво да направиме промена на водоводната инсталација за нормализирање на водоснабдувањето“, вели Јорданов.

Како и на останатите улици, и овде по промената на водоводната мрежа, улицата ќе добие и нов асфалт. Овие градежни активности започнаа денеска.

„Денеска започнуваме со асфалтирање на истата, затоа што, како што напоменав, коловозот беше оштетен, асфалтот претходно беше оштетен заради честите дефекти, така што нанесуваме нова асфалтна маса во вредност од нешто повеќе од 1 милион денари“, додава Јорданов.

Инвестицијата за промена на водоводната мрежа е 1,5 милиони денари, а заедно со асфалтирањето целиот проект е вреден околу 2,5 милиони денари.

Ребека Спасова М-Нет