
Викендот што следи ќе го тресе ново третолигашко фудбалско дерби на истокот и тоа во Делчево. Силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и на Детонит од Радовиш кои се на самиот врв на табелата со ист број на бодови 35, но радовишани имаат подобра гол разлика. Брегалница во изминатото коло играше без голови 0:0 во Свети Николе со Овче Поле а Детонит во Радовиш го демолираше Карбинци со 4:0. Како ќе биде во недела останува да видиме, но како и да е ќе следува пријатна фудбалска разврска. Еве ги комплетните двојки за ова 15 коло :
- Брегалница – Детонит
- Овче Поле – Василево
- Карбинци – Хоризонт
- Малеш – Тиверија
- Спартмани – Работник
- Раклиш – Чешиново
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 11 април 2021 со почеток во 13.00 часот.