
Општа Болница Кочани доби ново амбулантно возило, кое дополнително ќе помага на граѓаните на градот и жителите од регионот за побргу транспортирање на пациентите. Возилото е целосно опремено со што пациентите дополнително ќе имаат поквалитетни услуги.
„Донираа едно возило, амбулантно возило за потребите на општа болница Кочани, кое што е опремено возило и кое што ке помогне на жителите и на Кочани и од регионот да побргу се транспортираат пациентите, мегутоа и да имаат и квалитетна услуга.“, рече Сајкоски
Генералниот секретар Сајкоски од Кочани истакна и големо сочувство до семејствата на загинатите, како и што побргу закрепнување на сите во болниците во Македонија и странство.
Во согласност со ситуацијата, она што дополнително рече Сајкоски е да се вклучат сите општествени компании кои што сакаат да помогнат со донации со цел да се помогне на општата болница во градот, како и на целиот регион.
Иван Митев, М-Нет