
Штипјанецот Бојан Миовски повторно е во епицентарот на фудбачските збиднувања во OTP BANK лигата на Унгарија. Новопечениот македонски репрезентативец конечно по добрите игри и прекрасните голови за МТК доби повик од селекторот Благој Милевски, но не и шанса да заигра во најомилениот дрес и да го искаже сиот свој потенцијал. Денес Бојан Миовски беше исклучително расположен за игра што резултираше со пенал направен врз него, постигна гол а еден гол му беше поништен поради наводно претходен пректшок. Првото полувреме мечот ПАКС – МТК заврши со резултат од 2:0.


Во второто полувреме и со незгоден резултат во игра влезе Бојан Миовски и во 61 м. постигна гол кој за жал подоцна се поништи поради наводен претходен прекршок. Во 70 м. Бојан Миовски беше фаулиран во казнетиот простор а досудениот пенал во гол го претвори Грозав. Бојан Миовски ги подеси нишанските справи и постигна прекрасен гол за конечен резултат ПАКС – МТК 3:2 . Пораз на неговиот тим МТК,но неговата форма и пред се реализаторските вредности се повеќе добиваат на вредност со што покажа и докажа дека средствата употребени за негов ангажман се оправдани, останува уште овде во Македонија селекторот Боби Милевски да се „смилува“ и да му даде можност и шанса за докажување во националниот дрес.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk