
Започна третирањето на тротоарските површини на улицата Крушевска Република во населбата Баби во Штип. Овде во изминатиот период беше променета главната водоводна линија, па затоа се јави потребата и за реконструкција на самата улица. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, истакна со ваквата промена на самата улица, жителите ќе имаат подобри услови за живот, имајќи во предвид дека е решен долгогодишниот проблем кој ги засегаше жителите.
“Продолжуваме со уредување во населба Баби. Се работи на ул.Крушевска Република и овде најпрво ќе се третираат тротоарските површини на улицата која што води кон филтер станицата, имајќи во предвид дека е доста користена и од пешаци, а со оглед на фактот дека во изминатите месеци се менуваше главна водоводна линија, која што ја поврза населбата Баби со нова водоводна линија засебна и која што овозможи нов налчин на водоснабдување со што се реши долгогодишниот проблем кој што жителите од оваа населба го имаа поради честите дефекти на водоводната мрежа и прекини во водоснабдувањата се јави потребата и од реконструкција на самата улица, затоа што на делови од улицата Крушевска Република е оштетен коловозот и асфалтната маса, така да овие два зафати уредување на тротоарските површини и асфалтирањето на овој крак ќе се изврши во наредните денови.“, истакна Јорданов
Нешто повеќе од три милиони денари се одвоени од буџетот на општината за ваквата инвестиција, а активностите продолжуваат и во останатите улици на населбата, додава Јорданов
„Вкупната инвестиција е нешто повеќе од три милиони денари кој штио се одвоени за асфалтирање и уредување на тротоарските површини со што еве овој дел од населбата ќе се уреди. Ќе се продолжи и во други улици во населба Баби, како Лески, сето ова е предвидено во програмата од буџетот на Општина Штип.“, додава Јорданов
Во согласност со ситуацијата, со ваквата промена жителите од една страна не само што ќе имаат уредени коловози и тротоари, тие ќе имаат и можност за подобри услови за живот имајќи во предвид решениот проблем со водоводната мрежа.
Лаура Стојанова, М-Нет