
Новиот третолигаш во Север, екипата на ФК Беса Сарај промовираше неколку квалитетни засилувања, а исто така, беа продолжени договорите на четири фудбалери: Венхар Лали Незири, Лирим Шаќири, Еркан Хајрули и Фуркан Саити.

Ново засилување на голманската позиција е искусниот Стефан Копчаревски. Тој доаѓа и со меѓународно искуство, настапувајќи за неколку познати клубови: Македонија Ѓорче Петров, Tus. Bovinhausen (Германија) и ФК Корснäs (Финска).

Зирап Имери е новото засилување во одбраната. Има настапувано во Шкендија (до 16 и до 19 години), Вардар (Форина), ФК Дрита и ФК Ринија.

Нов напаѓач е 18-годишниот Исмаил Џафери. Младиот и талентиран играч во нападот има настапувано за екипите на ФК Вардар и ФК Долно Коњари.
ФК Беса продолжува да го гради тимот со нова енергија и перспективни таленти за сезоната 2025/26 на чело со спортскиот директор Гарип Рамадани.
