Новиот состав на Собранието на Здружението на пензионери – Кочани на редовна седница

Кочанското здружение на пензионери го заврши изборниот процес. До средината на месец март се завршија изборите во сите 15 огранока, се избраа одбори и делегати во Собранието и денес беше одржана редовната седница на Изборното собрание. Седницата се одржува врз основа на Статутот и завршениот четиригодишен мандат на досегашниот состав на Собранието.

„Со овоа цел календар што го имаме за изборни активности е спроведен и денеска се одржува редовна седница на Изборно собрание по четири години. На денешната седница ќе биде избран нов Извршен одбор, нов претседател на Собранието“, вели Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружение на пензионери – Кочани.

Инаку, Здружението направи и измена и дополнување на Статутот на Здружението, со што денес се избираше и претседател на Изборното собрание, функција од која се почувствувал недостаток во раководењето.

„Поради тоа што направивме промени во Статутот, наместо претседавач, ќе имаме претседател на Собранието. Ќе се избира и претседател, иако до лани имавме претседавач, а оваа новина е бидејќи тоа се почувствува како празнина во раководењето на Здружението. Ќе ги избереме комисиите, Надзорниот одбор, ќе избереме делегат од Здружението на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија“, додава Серафимов.

На денешната редовна седница се разгледа финансискиот план за работа за тековната година и оперативната програма на активности. Инаку, кочанското собрание е едно од поголемите според бројот на пензионери и содржи вкупно 45 делегати, по три од секој огранок.

Ребека Спасова М-Нет